Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Song of Solomon 3

:
Macedonian - 1990
1 Ноќва во леглото мое го барав оној, кога го сака душата моја, го барав и не го најдов.
2 Затоа ќе станам, ќе тргнам по градот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов.
3 Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваат градот: »Дали го видовте ги прашав оној, кого душата моја го сака?«
4 Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мојата мајка и во одајата на родителката своја.
5 Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, во срните и полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
6 Што е таа, која се издига од пустињата како столб од дим, што мириса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси?
7 Еве ја носилката на Соломона: околу неа шеесет души јунаци меѓу јунаците Израилеви.
8 Сите држат по еден меч и се вешти во борба; секој има меч на бедрото свое поради ноќниот страв.
9 Носилка си направил царот Соломон од ливанско дрво;
10 скалата ја направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле ќерките ерусалимски.
11 Излезете, ќерки сионски, и погледајте го цар Соломона со венецот, со кој го украсила мајката негова во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово.